Sunday, December 20, 2009

Интернет Зависност

Верувај ми, штом го трошите вашето време за да го читате ова срање, вие сте зависници од интернет. =) Но не се плашете, не сте единствени. Тука се вбројувам и јас бидејќи трошам време да пишувам вакви глупости кои вие ги читате. А дали знаете дека оваа зависност може да доведе до ментално пореметување кое треба да се сфати како клиничко пореметување?

Ај да почнеме од е-маилот. Најголемиот дел од интернет зависниците проверуваат е-маил на секој 30 минути или секогаш кога имаат пристап до интернет. Нормално е да немаш нова пошта на секое отворање, но тоа не е нормално за овие зависници бидејќи тие во вакви моменти се чувствуваат осамено. Сметаат дека се заборавени од светот и воглавно се претвораат во депресивни суштества.

Wednesday, December 9, 2009

Велес - Part II

Веќе имам една статија за градот Велес, но сега малку од пореална гледна точка со еден извадок од наш познат форум (значи да нема недоразбирање, текстов не е мој...туку на член од форумот Кајгана). Се работи за надполнување на претходната статија т.е Велес - Part 1 но овој пат со типичен велешки дијалект и со многу поконкретни и поинтересни примери за тоа како велешани живеат,  ако воошто може да се нарече тоа живот.

Monday, December 7, 2009

Велес - Part I

Ако почнам со анализа на името на мојот омилен град, ќе добиете погрешна слика за градот. “Велес” значи Бог на говедата, но тоа нема никаква поврзаност со градот. Поранешниот ТИТОВ Велес е централниот град на нашата бедна државичка. Во овој град сум израснал и вечно ќе ми недостига, каде и да сум.

Thursday, December 3, 2009

Work & Travel - USA

Не си бил/а во Соединетите Американски Држави? – Еве ти прилика да дознаеш како се одвиваат работите таму (барем за идиотите ко мене што одат на овој начин до таму). Значи целта ми е да споделам со вас, како поминав две лета во САД.

За да заминеш усвета преку океана само за да работиш глупа работа, треба да си навистина решен да го направиш тоа. Мислам зависи и до човекот. Јас воопшто не планирав да одам се додека еден ден додека патував кон mi casa не ми светна да навратам до агенцијата Коузон. Се почна тој ден, се враќав дома од факултет, и бидејќи ми беше успат агенцијата, реков чекај да се распрашам што е и како е. Идам таму, женската што ради таму ми објаснува, вака и вака се оди таму и таму, толку и толку кошта. ОК викам, одам. Ни размислив дали можам, ни какви услови ќе имам..ама баш ништо.

Friday, November 27, 2009

Јеби га, живот…

Брат, стварно на човек некогаш му доаѓа преку к** од се… али па секој втор ден да тибам, не е на арно. Не знам дали на сите во ебаново земјиче им се случува али навистина не се живее нормално веќе. Све живо забегало да тибам, ќе земам пример од мене. Како прво студент сум (ако може да се наречам така). Не сум некој што студира во градот каде што живее, па така 70% од неделата ја минам во друг град. Таму да тибам крш, покрш, најкрш е работава. Градот е стварно убав, рака оставам за него… али брат градов е најтапа место за живеење. Особено за ноќен живот, ја не знам како луѓево сеуште се воопшто живи и не умреа од досада. Искачаат по некои кафиќи кај што атмосфера е стварно тапа..Може така е поради мешање на националности, али да тибам стварно треба некој да преземе нешто оти наебале буквално сите.

Saturday, November 21, 2009

Не дај Боже да умреш!

Па ја мислам насловот кажува се. Би можел и вака да ја оставам статијава, и пак секој ќе претпостави за што станува збор.

Брат.. стварно работава е не дај Боже да умре човек, мамето ќе ти се расплаче. Ќе почнам прво од сите наши глупости т.е адети што сеуште од не знам која причина ги применуваме. Абе умрел човекот, свадба се прави. Имам прилично добро искуство со смртни случаи, особено во последниве 3 години и можам да кажам дека ми е преку таквоето од сите адети што ги измислил некој на кој му било досадно во слободно време. Па да тибам работата..како може да умре човек и да ти дојдат по 200 луѓе на погребот како свадба да си направил. Ја искрено 99% не ги ни познавав луѓево а се кладам дека пола од нив не ни знаат каде одат на погреб. Луѓево денес одат на погреб само колку да фанат гага ручек. Но не се они криви, кога има овчари ќе има и овци за стрижење.

Saturday, November 7, 2009

Другарство меѓу машко и женско?

Читав еднаш еден текст на интернет за оваа тема и ме инспирираше да чкртнам нешто и јас (абе од лично искуство па ти :D ). Значи ќе се потрудам да ве убедам дека другарство помеѓу машко и женско НЕ ПОСТОИ (се разбира доколку сте уверени во спротивното и со мали исклучоци - свака част за тие што можат да се дружат). До пред некое време јас бев од оние што веруваа во такво нешто, но се случи нешто што го промени тоа мислење (веројатно поради глобалното затоплување ЛОЛ).

Значи како прво да разјасниме нешто. Дали некогаш сте се запрашале која е разликата помеѓу другар и пријател? За некого тоа се два исти поими но верувајте не е така. Пријателот ти е “другар” само кога тој навистина има потреба од тебе. Другарот пак, не те заебава пред сите познаници затоа што не си ја опнал колешката што имала добар задник. Пријатели ти се оние кои седат со тебе по кафичи, меани, ресторани и те тупкаат по рамото се додека не ја платиш сметката… после тоа што би рекле велешани – кој те ебаа братче!

Tuesday, November 3, 2009

GOOGLE TRANSLATE SUCKS!

А? А? А? Нема а бре. Стварно за никаде е. (Се шалам, не е до толку лош, не ми преведе добро за тоа што користев зборови кои не постојат во нашиот литературен јазик). Еј.. додека сум го пишувал ова, ми се одеше во WC. Па мислам ќе направев беља смеејќи се.
Преводот на http://translate.google.com навистина е мижи асан да ти бае (барем за енглиш –> македонски). Како пример земав текстови од моите постари статии за Аеродромските маки и Факултетските перипетии. Можете да видите некои смешни преводи подолу, а можете и целокупно да ги видите преводите кои Гугл ги прави на следните линкови: Аеродромски Маки и Факултетски Перипетии.
Лет’с старт!
Radi is the return from Denver to Skopje Route: Denver-Chicago-London-Belgrade-Skopje. Evo like this ...
Tibam go to the van / busot the Veil of Denver, and Shaw will viish .. Traffic jam. Sunday posho was all gone home here namu.

Sunday, November 1, 2009

Факултетски Перипетии!

Јас стварно не знам више кај да се обратам..више пукнав (цитат од рекламата ако ви текнува)!
Значи да појаснам за што ќе ги пцујам македонските интелектуалци кои работат на нашата наставна програма во оваа бедна државичка. Студирам компјутерски науки на не е битно кој факултет (т.е сите се исти курац, што значи ова важи за сите факултети). И сега еве што се случува…

Во прв семестар учев предмети од типот што е тоа Microsoft Word и како тоа да куцаш во него со болдирани букви. :O Имаше еден предмет, Компјутерски Апликации или така нешто. Предметот ти го предава тип што се биел у војната во 2001 против нашиве, прав терориста маме му ебам. Човечево ти е набиено, увек пршав у коса и стално сере во машки род (веројатно кога учел МК јазик не му спомнале за останатите два рода). Математика пак, иде еден заебан, абе уште у фаца се гледа дека не е математичар педерот. Кој предава математика на проектор бе? Само седи на стол, игра игрици на лап топ и јаде чоколатчиња. Каде се видело професор по математика (истовремено декан на Њујорк колеџ или кај и да е) да ти рече дека два на трета е еднакво на 9. :O Ај си викам, јбг.. може така се почнува.

Saturday, October 17, 2009

Разлика помеѓу студент и средношколец

- На факултет, професорите го знаат одговорот без да гледаат во прирачникот за професори.
- Во средно, само "бубалиците" праќаа и-мејлови. Децата кои беа кул, не знаеа што е тоа.
- Во средно, ако зезнеш, одиш на разговор кај професорот. На факултет си пресреќен доколку добиеш шанса да отидеш на разговор кај него.
- Во средно, момците од пониските години се "палат" на постарите девојки од училиштето. На факултет, апсолвентите се палат на бруцошките.
- Легално е да имаш однос со жена која е на факултет и не е повеќе средношколка.
- Во средно, ранецот го носиш на двете рамена, на факултет го носиш преку едно.
- Во средно, никогаш не ти требале 3 или 4 недели за да дочекаш пари од твоите родители.
- Во средно, несмееш да излезеш надвор за да јадеш кога сакаш. На факултет, не можеш да излезеш затоа што немаш пари.
- На факултет кога не ти се учи, си пишуваш вакви заебанции.

Нервирај ги луѓето! Навистина убаво чуство!

Еве еден да речеме туторијал за тоа како да ги нервирате луѓето (моето хоби) :)

- Потпевнувај ја често музиката од Бетмен.
- Лижи го филот од наполитанките и потоа составувај ги повторно.
- Во секоја конверзација реплицирај со: "Така мислиш ти".
- Оставај бакшиш со бугарски стотинки.
- На забава која ја организира некој твој пријател, покани еден куп луѓе кои тој не ги познава.
- Пеј си слободно на глас доколку отидеш на опера.
- ПИШУВАЈ САМО СО ГОЛЕМИ БУКВИ.
- пишувај само со мали букви.
- Немој да употребуваш интерпункциски знаци
- Отиди на поетски рецитал и прашувај зошто стиховите не се римуваат.
- Кога ќе кивнеш, не ставај рака или марамче пред носот.
- Секогаш во друштво, на 5 минути пред крајот на шоуто смени го каналот.
- Мрмори си разни бројки додека некој брои пари.
- Намерно на работа свиркај си песнички кои ќе им влезат во психа на колегите, како на пример "Лакокарача".
- Застани на улица, насочи го фенот за коса накај автомобилите и види дали ќе успоруваат.
- Прашувај ги луѓето кој пол се.
- Остави ја новогодишната елка накитена до април.
- Грицкај ги пенкалата кои ти се дадени на заем.

Sunday, October 11, 2009

Аеродромски Маки


Те ја да ви раскажам за маките по аеродроми шо ги преживеав. Ради се за враќање од Денвер за Скопје со рута: Денвер-Чикаго-Лондон-Белград-Скопје. Ево вака... 

Идам да тибам со комбето/бусот од Веил за Денвер, и шо ќе вииш.. Traffic jam. Недела пошо било, сите оделе за дома ваму наму. И да тибам се влечевме ко пизди.. мене летот во 17 саат а педеров на аеродром во 16 стасува. И шо саа му викам.. ми вика трчај пиздо. И шо ќе праам.. си трчам јас да го фатам авионот. Одам да тибам.. чекам една редица од 10000 луѓе, стасувам на ред на шалтер по 40 минути и кучката ми вика брат ти си закаснил, багажот можеш да го пријавиш само 45 минути пред летот. Лее викам те ебав сеа. И ми вика иди на другион шалтер. Коа ќе видам таму уште толку људи. Ај у пичку матер си викам. И идам таму.. ми вика таа требало порано да дојдеш. И сврте 2-3 броја па и дозволија да ми ги пушти куферите. Ми вика брат куферов надминал дозволена тежина и треба да доплатиш али пошо немаш време, терај вика. 

И фала викам.. трчам да го фатам авионот.. коа уште една редица од 10000 луѓе чекаат на ред да поминат кај security. А таму треба гол да се соблечеш шо се вика, патики, џебови, ранци, се да испразниш.. и да тибам завршив и таму работа а авионов за 10 минути ќе трга. И трчам спринт на терминалот, стасувам тачно пред порта, так ја затвора вратата педероооот. Шо праиш викам пиздо една.. вика закасни пиздо, мрш вика да не те глеам. Иди на другиот шалтер жали се. И идам таму ја, им викам вака и вака интернационален лет е ова, не заебавајте..го испуштам ли овој лет, ги испуштам и останатите 3.
И вика ај да видам шо има.. и оп вика еве еден лет за 27 минути за Чикаго. Тргај со него вика. И фала викам циго, господ 5 деца да ти даде. Само ептен кнап ми беше со време на овој лет, пошо 3 саата лета, еден саат временска разлика треба да додадам а летот од Чикаго за Лондон во 9 и 15. 

И да тибам маките, не бев јаден од сабајлето, а немав време да апнам нешто по аеродроми пошто трчав по авиони.. и замисли не бев јаден 14 саата. Ај беља викам.. и шо ќе праам.. се возам до Чикаго, и пак трчам ко маратонец по терминали да стасам на време. 

Идам во 9 саат и 5 мин на терминалот за Лондон, и ми вели јапонката брат каде идеш ти бе.. викам Лондон сестро. Е кој си ти бе вика, викам тој и тој.. и проверуе сестрата во пц-то и вика брат ти не постоиш тука бе. Како мори викам, имам резервирано лет пред 3 месеца, ти ми јадеш куров тука. Ја гледам според билетот дека имаш вика, ама тука те нема а авионот е фул вика. Ми вика има уште 10 души што чекаат во случај да се ослободи место, па чекај и ти вика (а кај куров ми ќе се ослободат 10 места). А тоа ме немало зашо го испуштив летот за Чикаго и автоматски ме чкртнале од тој за Лондон. И ја се праам на три и пол, и викам кој ти курац пизда ти материна, имам резервирано пред 3 месеца.. овие педери сега дошле, мрш викам да го викнеш супервајзорот оти те ебав тука. И се исплаши пиздата, вика чекај малку..остај таа работа со шефот, ќе видиме сеа за 5 минути ако не дојде некој ќе те пуштам тебе да идеш. И чекам 5 мин.. и вика ајде тргај да ти ебам се да ти ебам, и веќе очи да не ти видам. Мрш викам и фала.. ајде поздрав. И да тибам во авионов душа на место ми дојде.. апнав 5-6 пати внатре, отспав неколку саата, се раздени, слетавме. И така среќен си стасав на време во Лондон. Е сеа идам таму.. требаше да имам лет во 1 и 10мин и кога читам на тоа инфо телевизорот ..шо ќе видам, летот за Белград откажан. Лее викам на мамица ви у гз. И додека пцујам, се смени статус на одложен за 2 и 40 мин. Ах викам се спасивте, инаку пушка ќе купев и ќе ве ебев сите по ред. И така, чекам на аеродромот и запознав едни срби и една македонка. Па со нив муабет едно друго, пројде време.. се качуваме во авионот, абе стра да те фане.. се тресе, тропа, ја па до крилото седев.. го гледам од прозор тоа крпено целото со даски со клинци.. се возам и се крстам дали ќе слетаме живи. Педерот што возеше вика за 2 саата сме таму на српски јазик, на англиски кажува 2 и пол саата, а стасавме за 3 и пол. Ебате работата српска. 

И тако, еве на аеродром во Белград, си чекам со госпожата од Тетово едно 4 саата, па ќе бегаме за Македонија ако имаме среќа да не касни авиончето.
Јбг..Еве го шлагот на тортата.. влегувам во авионот за Скопје, на картава гледам седиште број 13 лооооооооооол... е викам на ова се му дојде крајот. Ама ќути ко за беља авионот прв пат во историјата на македонските летови да пристигне порано од планираното време (вообичаено си доцни час-два). 

Стигаме на Петровец, чекам јас Љупче да го видам да ме спаси од царинава, Љупче го нема.. лее викам наебав сега со два компјутера во ранец.. и одам натаму, кога гледам две насоки. Едната десно ако имаш нешто да пријавиш, другата лево ако немаш ништо да пријавиш.. па што го ебам викам, немам ништо хаха.. и си продолжив натаму до излезот од аеродром. Поштено мислам. 

Тоа е тоа..