Saturday, October 17, 2009

Разлика помеѓу студент и средношколец

- На факултет, професорите го знаат одговорот без да гледаат во прирачникот за професори.
- Во средно, само "бубалиците" праќаа и-мејлови. Децата кои беа кул, не знаеа што е тоа.
- Во средно, ако зезнеш, одиш на разговор кај професорот. На факултет си пресреќен доколку добиеш шанса да отидеш на разговор кај него.
- Во средно, момците од пониските години се "палат" на постарите девојки од училиштето. На факултет, апсолвентите се палат на бруцошките.
- Легално е да имаш однос со жена која е на факултет и не е повеќе средношколка.
- Во средно, ранецот го носиш на двете рамена, на факултет го носиш преку едно.
- Во средно, никогаш не ти требале 3 или 4 недели за да дочекаш пари од твоите родители.
- Во средно, несмееш да излезеш надвор за да јадеш кога сакаш. На факултет, не можеш да излезеш затоа што немаш пари.
- На факултет кога не ти се учи, си пишуваш вакви заебанции.

Нервирај ги луѓето! Навистина убаво чуство!

Еве еден да речеме туторијал за тоа како да ги нервирате луѓето (моето хоби) :)

- Потпевнувај ја често музиката од Бетмен.
- Лижи го филот од наполитанките и потоа составувај ги повторно.
- Во секоја конверзација реплицирај со: "Така мислиш ти".
- Оставај бакшиш со бугарски стотинки.
- На забава која ја организира некој твој пријател, покани еден куп луѓе кои тој не ги познава.
- Пеј си слободно на глас доколку отидеш на опера.
- ПИШУВАЈ САМО СО ГОЛЕМИ БУКВИ.
- пишувај само со мали букви.
- Немој да употребуваш интерпункциски знаци
- Отиди на поетски рецитал и прашувај зошто стиховите не се римуваат.
- Кога ќе кивнеш, не ставај рака или марамче пред носот.
- Секогаш во друштво, на 5 минути пред крајот на шоуто смени го каналот.
- Мрмори си разни бројки додека некој брои пари.
- Намерно на работа свиркај си песнички кои ќе им влезат во психа на колегите, како на пример "Лакокарача".
- Застани на улица, насочи го фенот за коса накај автомобилите и види дали ќе успоруваат.
- Прашувај ги луѓето кој пол се.
- Остави ја новогодишната елка накитена до април.
- Грицкај ги пенкалата кои ти се дадени на заем.

Sunday, October 11, 2009

Аеродромски Маки


Те ја да ви раскажам за маките по аеродроми шо ги преживеав. Ради се за враќање од Денвер за Скопје со рута: Денвер-Чикаго-Лондон-Белград-Скопје. Ево вака... 

Идам да тибам со комбето/бусот од Веил за Денвер, и шо ќе вииш.. Traffic jam. Недела пошо било, сите оделе за дома ваму наму. И да тибам се влечевме ко пизди.. мене летот во 17 саат а педеров на аеродром во 16 стасува. И шо саа му викам.. ми вика трчај пиздо. И шо ќе праам.. си трчам јас да го фатам авионот. Одам да тибам.. чекам една редица од 10000 луѓе, стасувам на ред на шалтер по 40 минути и кучката ми вика брат ти си закаснил, багажот можеш да го пријавиш само 45 минути пред летот. Лее викам те ебав сеа. И ми вика иди на другион шалтер. Коа ќе видам таму уште толку људи. Ај у пичку матер си викам. И идам таму.. ми вика таа требало порано да дојдеш. И сврте 2-3 броја па и дозволија да ми ги пушти куферите. Ми вика брат куферов надминал дозволена тежина и треба да доплатиш али пошо немаш време, терај вика. 

И фала викам.. трчам да го фатам авионот.. коа уште една редица од 10000 луѓе чекаат на ред да поминат кај security. А таму треба гол да се соблечеш шо се вика, патики, џебови, ранци, се да испразниш.. и да тибам завршив и таму работа а авионов за 10 минути ќе трга. И трчам спринт на терминалот, стасувам тачно пред порта, так ја затвора вратата педероооот. Шо праиш викам пиздо една.. вика закасни пиздо, мрш вика да не те глеам. Иди на другиот шалтер жали се. И идам таму ја, им викам вака и вака интернационален лет е ова, не заебавајте..го испуштам ли овој лет, ги испуштам и останатите 3.
И вика ај да видам шо има.. и оп вика еве еден лет за 27 минути за Чикаго. Тргај со него вика. И фала викам циго, господ 5 деца да ти даде. Само ептен кнап ми беше со време на овој лет, пошо 3 саата лета, еден саат временска разлика треба да додадам а летот од Чикаго за Лондон во 9 и 15. 

И да тибам маките, не бев јаден од сабајлето, а немав време да апнам нешто по аеродроми пошто трчав по авиони.. и замисли не бев јаден 14 саата. Ај беља викам.. и шо ќе праам.. се возам до Чикаго, и пак трчам ко маратонец по терминали да стасам на време. 

Идам во 9 саат и 5 мин на терминалот за Лондон, и ми вели јапонката брат каде идеш ти бе.. викам Лондон сестро. Е кој си ти бе вика, викам тој и тој.. и проверуе сестрата во пц-то и вика брат ти не постоиш тука бе. Како мори викам, имам резервирано лет пред 3 месеца, ти ми јадеш куров тука. Ја гледам според билетот дека имаш вика, ама тука те нема а авионот е фул вика. Ми вика има уште 10 души што чекаат во случај да се ослободи место, па чекај и ти вика (а кај куров ми ќе се ослободат 10 места). А тоа ме немало зашо го испуштив летот за Чикаго и автоматски ме чкртнале од тој за Лондон. И ја се праам на три и пол, и викам кој ти курац пизда ти материна, имам резервирано пред 3 месеца.. овие педери сега дошле, мрш викам да го викнеш супервајзорот оти те ебав тука. И се исплаши пиздата, вика чекај малку..остај таа работа со шефот, ќе видиме сеа за 5 минути ако не дојде некој ќе те пуштам тебе да идеш. И чекам 5 мин.. и вика ајде тргај да ти ебам се да ти ебам, и веќе очи да не ти видам. Мрш викам и фала.. ајде поздрав. И да тибам во авионов душа на место ми дојде.. апнав 5-6 пати внатре, отспав неколку саата, се раздени, слетавме. И така среќен си стасав на време во Лондон. Е сеа идам таму.. требаше да имам лет во 1 и 10мин и кога читам на тоа инфо телевизорот ..шо ќе видам, летот за Белград откажан. Лее викам на мамица ви у гз. И додека пцујам, се смени статус на одложен за 2 и 40 мин. Ах викам се спасивте, инаку пушка ќе купев и ќе ве ебев сите по ред. И така, чекам на аеродромот и запознав едни срби и една македонка. Па со нив муабет едно друго, пројде време.. се качуваме во авионот, абе стра да те фане.. се тресе, тропа, ја па до крилото седев.. го гледам од прозор тоа крпено целото со даски со клинци.. се возам и се крстам дали ќе слетаме живи. Педерот што возеше вика за 2 саата сме таму на српски јазик, на англиски кажува 2 и пол саата, а стасавме за 3 и пол. Ебате работата српска. 

И тако, еве на аеродром во Белград, си чекам со госпожата од Тетово едно 4 саата, па ќе бегаме за Македонија ако имаме среќа да не касни авиончето.
Јбг..Еве го шлагот на тортата.. влегувам во авионот за Скопје, на картава гледам седиште број 13 лооооооооооол... е викам на ова се му дојде крајот. Ама ќути ко за беља авионот прв пат во историјата на македонските летови да пристигне порано од планираното време (вообичаено си доцни час-два). 

Стигаме на Петровец, чекам јас Љупче да го видам да ме спаси од царинава, Љупче го нема.. лее викам наебав сега со два компјутера во ранец.. и одам натаму, кога гледам две насоки. Едната десно ако имаш нешто да пријавиш, другата лево ако немаш ништо да пријавиш.. па што го ебам викам, немам ништо хаха.. и си продолжив натаму до излезот од аеродром. Поштено мислам. 

Тоа е тоа..