Thursday, December 3, 2009

Work & Travel - USA

Не си бил/а во Соединетите Американски Држави? – Еве ти прилика да дознаеш како се одвиваат работите таму (барем за идиотите ко мене што одат на овој начин до таму). Значи целта ми е да споделам со вас, како поминав две лета во САД.

За да заминеш усвета преку океана само за да работиш глупа работа, треба да си навистина решен да го направиш тоа. Мислам зависи и до човекот. Јас воопшто не планирав да одам се додека еден ден додека патував кон mi casa не ми светна да навратам до агенцијата Коузон. Се почна тој ден, се враќав дома од факултет, и бидејќи ми беше успат агенцијата, реков чекај да се распрашам што е и како е. Идам таму, женската што ради таму ми објаснува, вака и вака се оди таму и таму, толку и толку кошта. ОК викам, одам. Ни размислив дали можам, ни какви услови ќе имам..ама баш ништо.

И да не ја тупам многу околу ова, се случи што се случи.. аплицирав. После тоа процедурата вели дека треба да идеш на интервју со работодавец од САД. Ај беља викам..сите во групи одат, ја ко изгубен случај – сам фатив да бркам работа. И идам таму да тибам, чекам на ред да дојдам.. пред мене едни скопски педери се караат пред работодавецот и на крај си фанаа патот 4ца, а еден остана. И ме вика женската да седнам до него. Здраво, здраво.. ова она, и кај ќе одиш ти ми вика, викам во Колорадо. И тој до мене (скопјанчето) вели и јас таму одам, па да идеме заедно. ТОП викам.. си најдов друштво. И ајде склучивме договори, земавме виза од амбасада и купивме билети (бааѓи не изгореа мама им). Ама и тој меретен билет не намачи. Требаше да работиме во Веил, тоа е во близина на Денвер. А директен лет немаше, па моравме да идеме прво до Њујорк преку Цирих па на крај во Денвер.

И ајде тргнавме што тргнавме.. ама македонец ако не те заебе нема друг. Уште на почеток во МАТ авионот, се изначекавме и педерот закасни при што го пропуштивме авионот во Цирих. Нареден лет по 3 саати да тибам. А во Цирих па, гужва у пичку матер.. баш тој ден се играше таму натпреваров меѓу Италија и Франција од Европското Првенство. И ајде пројде време, па фативме за Њујорк. Е сеа тука требаше да спиеме еден ден, па нареден ден да летаме за Денвер. Ние наместо спиење, речиси цело време го поминавме во шетање низ Њујорштината.. и брат веруј ми мислам ќе свршев у секој момент од што бев возбуден од градов. Дефинитивно Менхетн е најдоброто место што сум го видел во животов. Кулата на Доналд Трамп, зградата на CNN итн… fucking unforgettable.

Нареден ден стасуваме во Денвер, одма добив чуство ко од коњ на магаре да сум се симнал. Тапа градот.. јесте да имаше што да се види, али многу е помртов од Њујоркчето. И не се задржавме многу со скопјанецот, па фативме накај Веил. Стасуваме таму, село да тибам, ладно у пичку матер.. коскиве ми се тресеа, Јуни месец а таму 10 степени. Тоа да ти било скијачки центар ебате.. само кој да знаел. ЈБГ.. наебавме што наебавме. И ајде ќе одиме до хотелот каде што требаше да работимеее…Кога во автобусот уште двајца педери од Македонија. Лее викам добро е.. ќе има на кого да маваме ластици. И тие биле за во истиот хотел. Стасуваме во хотелов.. шо ќе вииш, уште 10 други македонци.. У пичку матер, па за тоа ли отидов во САД, пак со македонци да се карам. И не дели шефот (лигав мексиканец) на разни позиции.. и кога мене и едно копиле од Виница, ни вика вие двајца ќе идете во еден друг хотел од нашиот синџир. И ајде не носи мексиканецот до хотелот, таму една друга мексиканка Мариа.. шеф ќе ми била. Една ниска, со 4 очи, ми сече нешто.. вика ти ќе бидеш Housekeeper. Да тибам ја знаев дека ќе бидам тоа уште од МК, ама немав поим што е работава. И ми вика една вработена која се викаше Лупе. Брат.. страв да те фане, каква беше. Цурата ни англиски не знаеше.. и кога ми ја направи “VAMOS” јас се наежив. Welcome to Cassandra movie беше работата. Работава ебате, да чистиш соби, местиш кревети, средуваш базенот. Лесно звучи али верувај не е. И така си ја писнавме со копилето од Виница, си работевме.. си научивме Шпански со Лупе.. и кога еден ден иде ќерка и. И таа ти работела таму, само ја немаше една недела и не знаевме. Брат, многу секси мексиканка.. на мои години, ЈАКО. Искрено заборавив како се викаше.. копилето ја памети сигурно. Кога еден друг ден, доаѓа уште еден педер да работи кај нас. Братот беше од Романија. Едно педерче високо 2 метра, ама мрза невидена беше. Мамето ќе му го ебам ако го фатам.. се ние работевме, он се криеше некаде. Нема веза.. си се поштувавме.. добро дете е. Така цело лето ние рмбавме тамо.. паѓаа далги, па забушававме.. па ќе не бркаа.. па кој ги ебе.. абе 300 глупости се дешавале.

Најдов и втора работа, во еден друг хотел во близина.. таму работев полесна работа но само 3 недели бидејќи морав да се вратам во МК.

Наредното лето, од хотелов каде што работев втора работа ми пратија договор бидејќи многу им се допаднало како сум работел па ајде заминав пак во Веил. Рутава не беше иста. Најдов директен лет до Денвер и овој пат сам патував. Скопје – Белград – Лондон – Вашингтон – Денвер – Веил. Ебате летањето беше тоа. Стасав таму.. оп ќе живеам со истите цимери од претходно лето + 2-3 нови цимери. Брат живеевме во навистина добро место, каде што месечна кирија се плаќа 2200$. Американец одвај може да си го дозволи тоа, но пошо ние бевме 7 души.. таман доаѓаше. Работата цветаше.. уште првиот ден ми ја качија платата на 13 долари од саат… и тоа ме спаси да направам добра пара. Зошто ме спаси? Затоа што бев стварно луд да заминам во САД во време кога беше најголемата економска криза. Али нема веза.. пази што се дешава во хотелов. Има 20 хаускипери и 4ца хаусмени меѓу кои и јас. Све живо мексикана, еден американец, еден од Хондурас и ја македонец. Абе цветаше работава..само американецот и супервајзорите збореа англиски, другиве ни А од англиски не знаеа. Повеќе шпански научив отколку што унапредив англиски.. али ок е. Имаше еден мексиканец и еден од Хондурас што работеа со мене. Брат пцуење у пичку матер беше работава. Мамето им го ебав.. не знаеја од кај да фатат. Ги пцујам на шпански, на англиски, на македонски… тие само на шпански знаат. Лом стануваше.

Шефицата имаше 75 години. :O Женава тоа лето замина во пензија, ама брат ко да заминал во пензија Барак Обама беше работава. Во весници се објави, цела страна само за неа, блогови се отвораат, плачки, венци, ти реков ми рече.. да умреш – нема таков чест да имаш. Менаџерот на хотелот и даде медал ко Лига на Шампиони да освоила да и ебам матер. ЗВЕР! Немам зборови за неа, стварно добра жена.. ме разбираше секогаш и ќе ми недостига. Сестра и ја замени одма, ама брат женава на глава ми се качи.. добро што кратко време бев со неа.

Финансиски добро пројдов и двете години. Првата година речиси сите пари ги потрошив таму на техника, а втората речиси се донесов дома. Значи навистина вреди да се отиде. Копилето од Виница, за една година си купи Ауди А4 (али што е најјако го слупа за 3 дена хахаха). Да не ве збунам.. копилето заедно со уште 2-3 други копилиња останаа илегално таму.

За враќањето назад до МК нема да објаснувам. Најебаната авантура што некогаш ми се случила. Можете да ја прочитате на првата статија од блогов.

Viva Mexico… овај USA де!

3 comments:

  1. Здраво,

    Ме интересира, ако не е тајна, колку пари ти беа потребни за да заминеш. За агенцијата, карти....

    Фала

    ReplyDelete
  2. Извини за доцнењето во одговорот.

    Сумата зависи од многу работи. Од локацијата во УСА, од програмата преку која одиш итн..

    Првата година ми беа потребни 2000$, втората 1300$.

    Поздрав!

    ReplyDelete
  3. лол welcome to the american life dream

    ReplyDelete

Тука можеш да оставиш коментар поврзан со конкретната статија.