Sunday, December 20, 2009

Интернет Зависност

Верувај ми, штом го трошите вашето време за да го читате ова срање, вие сте зависници од интернет. =) Но не се плашете, не сте единствени. Тука се вбројувам и јас бидејќи трошам време да пишувам вакви глупости кои вие ги читате. А дали знаете дека оваа зависност може да доведе до ментално пореметување кое треба да се сфати како клиничко пореметување?

Ај да почнеме од е-маилот. Најголемиот дел од интернет зависниците проверуваат е-маил на секој 30 минути или секогаш кога имаат пристап до интернет. Нормално е да немаш нова пошта на секое отворање, но тоа не е нормално за овие зависници бидејќи тие во вакви моменти се чувствуваат осамено. Сметаат дека се заборавени од светот и воглавно се претвораат во депресивни суштества.

Wednesday, December 9, 2009

Велес - Part II

Веќе имам една статија за градот Велес, но сега малку од пореална гледна точка со еден извадок од наш познат форум (значи да нема недоразбирање, текстов не е мој...туку на член од форумот Кајгана). Се работи за надполнување на претходната статија т.е Велес - Part 1 но овој пат со типичен велешки дијалект и со многу поконкретни и поинтересни примери за тоа како велешани живеат,  ако воошто може да се нарече тоа живот.

Monday, December 7, 2009

Велес - Part I

Ако почнам со анализа на името на мојот омилен град, ќе добиете погрешна слика за градот. “Велес” значи Бог на говедата, но тоа нема никаква поврзаност со градот. Поранешниот ТИТОВ Велес е централниот град на нашата бедна државичка. Во овој град сум израснал и вечно ќе ми недостига, каде и да сум.

Thursday, December 3, 2009

Work & Travel - USA

Не си бил/а во Соединетите Американски Држави? – Еве ти прилика да дознаеш како се одвиваат работите таму (барем за идиотите ко мене што одат на овој начин до таму). Значи целта ми е да споделам со вас, како поминав две лета во САД.

За да заминеш усвета преку океана само за да работиш глупа работа, треба да си навистина решен да го направиш тоа. Мислам зависи и до човекот. Јас воопшто не планирав да одам се додека еден ден додека патував кон mi casa не ми светна да навратам до агенцијата Коузон. Се почна тој ден, се враќав дома од факултет, и бидејќи ми беше успат агенцијата, реков чекај да се распрашам што е и како е. Идам таму, женската што ради таму ми објаснува, вака и вака се оди таму и таму, толку и толку кошта. ОК викам, одам. Ни размислив дали можам, ни какви услови ќе имам..ама баш ништо.