Friday, September 3, 2010

Печалбари

Не е ова книгата од Антон Панов. Не дека се жалам, иако можеби така звучи, но мора да се изруга овој живот ако не во детаљи барем во најкратки црти. 

Сите знаеме која е целта на печалбата, да се донесе некое денарче кое ќе ни се најде кога тогаш. Но да го исцрнчиш цел живот и да не видиш ништо од него, е тоа не е у реду. Не дека ја сум 50 годишен човек па сум пропуштил се живо и сега се лигавам по блогови, но сепак мислам дека младоста е за живеење, останатиот дел од животот за работа и работа...а да и за работа. Мислам сепак кој како си ја наредил, не? Не велам буквално дека човекот треба да го помине животот работејќи но тоа ни останува кога веќе ќе мораш да го заработуваш лебот кој нема да го јадеш сам. 

Saturday, April 24, 2010

Приватни vs Државни Образовни Установи

Овој двобој претставува вечна дебата на форумите па решив да направам една анализа која можеби ќе им помогне на оние кои се двоумат во какви услови да го продолжат своето образование (приватни или државни). Оваа статија не се однесува само на универзитетите, туку и на средните училишта со оглед на тоа што секоја година се зголемува бројот и на приватните гимназии.

До пред неколку години, не постоеше приватно образование (барем колку што јас се сеќавам), сите учеа на подеднакви рамноправни универзитети и училишта. Изборот на смерови бил од секогаш добар, но дали биле задоволни оние кои учеле таму е под знак прашалник затоа што денес сите знаеме кој е синонимот за поимот “државно”.  Но тие времиња се сменија уште со отворањето на приватната гимназија НОВА која се смета за најстара приватна образовна институција која е основана во 1992 година но тогаш како училиште за странски јазици па потоа преобразено во гимназија. Покрај неа тука е и Јахја Кемал, 5та Приватна гимназија итн… каде родителите треба да издвојат помеѓу 2500 и 4500 евра годишно што е сума која за најголем дел од населението е недостижна, дури и како десетгодишна заштеда.

Tuesday, February 23, 2010

Think about it…


Размисли? Лол..се разбира дека не. За да мислиш потребна ти е конкретна тема која ќе те натера да ти проработи кликерот за некои работи. Во овој случај темата е за нашите односи со оние кои го поминуваат најголемиот дел од времето околу нас. 

Не сум тип кој покажува емоции на било какви врски помеѓу луѓето, без разлика дали се работи за љубов, пријателство, роднинска поврзаност и сл. По навика сум ладен тип, не покажувам длабоки емоции во потресни/весели моменти...можеби тоа смета некому, но тоа сум јас и не можам да се сменам.  Сепак едно знам, доколку покажеш доверба, ќе ти биде возвратена. Барем јас така функционирам. Но дали сте се запрашале какви се луѓето околу вас, и колку можете да им верувате? 

Wednesday, January 27, 2010

Almost dead?

Не сакам статијава да звучи crappy, но се работи за интересни доживеани настани кои вреди да се споделат.

Дали човекот може да биде преплашен до смрт? – Имам читано дека ова е возможна појава. Телото има природен систем за заштита. Ако во дивината  животно е соочено со живот или смрт ситуација, неуро системот реагира така што го зголемува пулсот на срцето, поголем доток на крв во мускулите, зголемување на зениците и ред други работи. Сето ова помага да се победи во борба, или да се избега од неа. Секоја силна позитивна или негативна емоција, како на пример среќата или тагата. Има еден пример со некој голфер, кој ја погодил дупката од прва, се свртел кон партнерот и му рекол: „Можам да умрам сега “ - и потоа паднал мртов.