Wednesday, January 27, 2010

Almost dead?

Не сакам статијава да звучи crappy, но се работи за интересни доживеани настани кои вреди да се споделат.

Дали човекот може да биде преплашен до смрт? – Имам читано дека ова е возможна појава. Телото има природен систем за заштита. Ако во дивината  животно е соочено со живот или смрт ситуација, неуро системот реагира така што го зголемува пулсот на срцето, поголем доток на крв во мускулите, зголемување на зениците и ред други работи. Сето ова помага да се победи во борба, или да се избега од неа. Секоја силна позитивна или негативна емоција, како на пример среќата или тагата. Има еден пример со некој голфер, кој ја погодил дупката од прва, се свртел кон партнерот и му рекол: „Можам да умрам сега “ - и потоа паднал мртов.

Дали некогаш ви се случило да доживеете некој настан во кој поради некоја случајност сте ја избегнале смртта? – Мене лично, да. И тоа не еднаш, туку три пати. Накратко ќе ги опишам сите случки.

Првата се случи многу одамна, можеби има поминато 7 или 8 години. Беше лето и прилично жешко да тибам. Како и секогаш, со другарите од маалото седевме навечер до доцни часови, обично сме се зафркавале или игравме нешто. Таа ноќ не бевме многу, јас, една другарка и еден другар. Додека седевме надвор, грмеше и отидовме кај уличниот трансформатор бидејќи од таму стварно е убава глетката кога ќе светне небото од грмотевицата и од тоа целиот град ќе се осветли. Стоевме можеби 3 часа, и едно време почна да роси, па не избрка сите дома. Верувале или не, немаше ни 10 минути, додека влегов дома и го вклучив моето ѕверско тогашно нинтендо, кога наеднаш пукна нешто толку силно и јако што мислам срцево ми запре на место. Се исклучи струјата, мислев дека удрило гром во нашата инсталација. Но кога излегов надвор видов дека громот удрил во трансформаторот, во местото каде што ние стоевме 10 минути пред ударот. Па да тибам, да не заросеше дожд, ја немаше да бидам жив.

Втората случка е неодамна. Летото 2008, додека патував од Македонија за САД. Со цимерот решивме да направиме еден ден пауза во Њујорк, колку да прошетаме и да го видиме градот. Бевме сместени во еден хостел на 57ма улица. Решивме да пешачиме до Менхетн, а беше некако доцна..околу 17:00 часот. Но сепак тргнавме и стасавме до Менхетн по 6 часа пешачење да тибам. Нозеве ми отекоа, се изморивме прилично и не можевме да пешачиме назад до 57ма улица бидејќи беше доцна (околу 00:00), а Њујорк не е Велес, па не може да се шеташ во тие часови..it’s kind of dangerous. И што ќе правиме.. решивме да фатиме такси. Влеговме во едно такси, а шоферот некој си индиец или африканец.. господ знае на кој јазик збореше. Му кажавме 57ма улица, тој демек разбра и почна да вози. Додека возеше си збореше на телефон на пичку-матерски јазик, и едно време приметив дека ја поминавме 57-ма. Му кажувам на цимерот и тој го чукна по рамото шоферов и му вели дека сме ја поминале улицата. Шоферот се извини, и ја заврте колата да не врати назад. Да тибам, за тие 2 минути што тој не однесе подалеку од нашата дестинација (57), таму се случила сообраќајка, камион се збуцал во такси каде што педерот требаше да не остави да се симнеме. Не велам дека може ќе се случеше истото со нашето такси, но те остава без здив кога знаеш дека ти ќе си бил смачканиот во таксито да не се заборавеше таксистот на својот ебан телефон.

Третата случка е најсвежа. Лето 2009 во Веил, Колорадо (САД). Бев на работа како и секој обичен ден. Смената ми завршуваше секој ден во 16:30 часот, а автобусот што ме носеше дома, доаѓаше во 16:45. И како и секогаш, кога дојде часот, јас си се спремив и си заминав од работното место. Стасав на местото каде што чекам автобус и си чекам така до 16:40 кога ми текнува наеднаш дека заборавив да ја вратам радио-станицата со која комуницираме со останатите вработени. И трчам да тибам да ја вратам станицава во хотелот, за да не го испуштам автобусот, бидејќи нареден е за 45 минути (кој ќе чека у пичку матер). Ја оставив станицата на место, трчам спринтот назад до местово и го гледам автобусот заминува по патот нагоре. Го испуштив за 30 секунди. Му опцув се по женски и машки список, и си седнав на клупата да го чекам наредниот автобус. Чекам така… минат 45 минути, доаѓа 17:30 а наредниот автобус го нема. Лее..викам сеа и овој да не дојде, убаво ќе ми се собере чекањево. И кога доаѓа кај 18:00 автобусов.. и ја така накурчен му велам кај си бе до сега да ти ебам све..чекам ко несалам тука саат и пол. Ми вика ја се извинувам ама морав да помогнам на автопатот, се случи сообраќајка на еден од нашите автобуси. Како бе викам.. кој автобус, ми вели автобусот што мине од тука во 16:45 удрил во цистерна, 10 патници имало, 8 на место мртви. Се наежив целиот мама му да ја ебам.. срце ми смрзна. 30 секунди еј!!! За 30 секунди го промашив автобусот што мамето си го расплакал на автопатот.

Јеботе… не знам дали мене Господ ме сака или некоја виша сила е, али со малку среќа ја сум сеуште жив да ги споделам овие срања на блогов.

Поздрав!

6 comments:

  1. малце и да се наежи човек!
    Р.

    ReplyDelete
  2. ima li pisano vo nekoj online vesnik za ova sto go kazuvas vo kolorado

    ReplyDelete
  3. Во Vail Daily беше објавено.
    Но не е онлајн весник.

    ReplyDelete
  4. ............uvljek za malku si se spasuval......sreka u gZ imas izgleda kolega :D

    ReplyDelete

Тука можеш да оставиш коментар поврзан со конкретната статија.