Saturday, April 24, 2010
Приватни vs Државни Образовни Установи
До пред неколку години, не постоеше приватно образование (барем колку што јас се сеќавам), сите учеа на подеднакви рамноправни универзитети и училишта. Изборот на смерови бил од секогаш добар, но дали биле задоволни оние кои учеле таму е под знак прашалник затоа што денес сите знаеме кој е синонимот за поимот “државно”. Но тие времиња се сменија уште со отворањето на приватната гимназија НОВА која се смета за најстара приватна образовна институција која е основана во 1992 година но тогаш како училиште за странски јазици па потоа преобразено во гимназија. Покрај неа тука е и Јахја Кемал, 5та Приватна гимназија итн… каде родителите треба да издвојат помеѓу 2500 и 4500 евра годишно што е сума која за најголем дел од населението е недостижна, дури и како десетгодишна заштеда.
Subscribe to:
Posts (Atom)