Tuesday, February 23, 2010

Think about it…


Размисли? Лол..се разбира дека не. За да мислиш потребна ти е конкретна тема која ќе те натера да ти проработи кликерот за некои работи. Во овој случај темата е за нашите односи со оние кои го поминуваат најголемиот дел од времето околу нас. 

Не сум тип кој покажува емоции на било какви врски помеѓу луѓето, без разлика дали се работи за љубов, пријателство, роднинска поврзаност и сл. По навика сум ладен тип, не покажувам длабоки емоции во потресни/весели моменти...можеби тоа смета некому, но тоа сум јас и не можам да се сменам.  Сепак едно знам, доколку покажеш доверба, ќе ти биде возвратена. Барем јас така функционирам. Но дали сте се запрашале какви се луѓето околу вас, и колку можете да им верувате? 

Не знам од каде да почнам но за некои луѓе искрено се двоумам...т.е дали воопшто би требало да го делам мојот живот со нив. Роднини си се роднини, нив не можеш да ги задеваш во оваа тема, иако имам таков тип на роднини со кои немам контакт со месеци, години.. и верувај не ми смета тоа. Не можеш да бидеш приврзан со сите што ги знаеш, особено ако имаш малку поголема фамилија. Вообичаено се приврзуваш со оние за кои сметаш дека најмногу ти одговараат на твојот карактер. Не знам по која логика, но јас сум повеќе приврзан за едната половина од семејството иако сум пораснал со другата половина. Но, сепак како растеме сфаќаме како стојат работите во реалноста и како фудбалски фанатик  за време на натпревар, стануваме пристрасни и се прилагодуваме повеќе на оние роднини кои ни се поомилени и на некој начин повеќе ни помогнале во животот. Без двоумење, толку за оваа група на луѓе. 

Другари! Хм..овде има многу да се зборува, иако нема потреба од тоа бидејќи секој на свој начин си го протолкува овој дел. Сепак на некој начин, зависи што подразбираш под поимот другар. Веќе објаснував во една тема разлика од другар до пријател и познаник. Ќе го цитирам тој дел: “Дали некогаш сте се запрашале која е разликата помеѓу другар и пријател? За некого тоа се два исти поими но верувајте не е така. Пријателот ти е “другар” само кога тој навистина има потреба од тебе. Другарот пак, не те заебава пред сите познаници затоа што не си ја опнал колешката што имала добар задник. Пријатели ти се оние кои седат со тебе по кафичи, меани, ресторани и те тупкаат по рамото се додека не ја платиш сметката… после тоа што би рекле велешани – кој те ебаа братче! Колегите на факултет ти се исто така пријатели, кои те бараат само тогаш кога ќе им притребаш (да му дадеш некое скриптиче, да препише домашна и сл)… не верувам дека некој ќе ти се јави само да те слушне и да те праша брат добар ли си (со некои исклучоци). Е сега, другар ти е исто ѓубре како и пријател само што разликата тука е што другарот ќе ти излезе во пресрет кога ќе ти биде најпотребно, т.е нема да ти го заврти грбот и да ти рече иди шетај синко.” Крај на цитатот! Тука е повеќе од доволно кажано. Познавам многу такви кои би се дружеле со тебе само доколку има корист или знае дека вечер ќе има гага јадење и пиење. Без навреда, се прашувам дали воопшто познавам некој што не е таков. Дали воопшто има таков другар што кога ти е најтешко ќе те праша добар ли си, ти треба ли нешто... дали е другар тој што во најтешките моменти нема ни да го заболе барем да ти се јави и изрази сочуство кога си изгубил некој што бил дел од твојот живот... да разјаснам нешто, јас ебано не се согласувам со ова. Дали е ок другари да седат на иста маса и да се оговараат меѓусебно? Fuck that! Имам колега (не го знам ни 3 години) кој го ценам повеќе од некој што го знам цел живот. Дали е тоа логично? Некои луѓе ги знам цел живот, но знам дека нема да ги заболе ни 2% за тебе доколку нешто не ти е ок. Сепак се е до карактерот. Можеш да се преправаш колку сакаш дека имаш околу тебе луѓе на кои мислиш дека можеш да се потпреш во било кое време, но преиспитај си ја добро ситуацијата... не е така! Велат дека другар е за во добро и за во зло, но поголем е процентот на првото т.е. сите се тука кога е за славење, никој не е тука кога ќе дојде јајцето до газот (со извинение за изразот). Некогаш нема избор, па одговарало или не..ќе мораш да живееш со тоа. Иако секогаш можеш да стекнеш нови пријателства, сепак сите сме ограничени на поединци кои по навика или не знам која основа, се приврзуваме за нив. 

Последната група, ќе ја наречам Останати. Што знам... не можам да речам дека ми се другари затоа што ги знам навистина мал период, но сепак не сакам да изгледа смешно но и на тие луѓе попрво би се потпрал отколку на тие околу мене. Цимерите од САД на пример, дечките се стварно ебано луди, но ми помогнале многу и што е најважно сеуште се нафаќаат на помош кога ми е потребна. Исто така тука би ја навел газдарицата на станот каде што престојувам под кирија. Жената не е должна да се замара со мене ни 2%, но толку многу се грижела за мене (и сеуште се грижи) и ми помогнала во безброј ситуации, што ја сметам за втора мајка. Едно  знам…никогаш нема да го заборавам нејзиниот пристап кон мене. 

За односите во љубовта нема што да се зборува. Ако има вистинска љубов, има и вистинска приврзаност и доверба. Доколку нема љубов, се паѓа во вода. Не можеш да ризикуваш со некој во кој не осеќаш никаква сигурност. Во тој поглед јас сеуште немам доволно доверба во некоја на кого би можел да се потпрам 100%. 

Никој не е совршен, ниту јас ниту тие што ги познавам. Некогаш боли, но критиката е најдобар начин да се изразиш. 

Think about it…and chill :)
FIN!



No comments:

Post a Comment

Тука можеш да оставиш коментар поврзан со конкретната статија.