Ај да почнеме од е-маилот. Најголемиот дел од интернет зависниците проверуваат е-маил на секој 30 минути или секогаш кога имаат пристап до интернет. Нормално е да немаш нова пошта на секое отворање, но тоа не е нормално за овие зависници бидејќи тие во вакви моменти се чувствуваат осамено. Сметаат дека се заборавени од светот и воглавно се претвораат во депресивни суштества.
Што е на ред…ЧАТУВАЊЕТО! Уште кога стануваш од спиење прво што правиш е – упалуваш мсн или скајп да провериш кој е онлајн. Па ако ти е онлајн срценцето ќе му пишеш 2-3 збора да го задреш, а недај боже па да не ти врати…секундарно ќе паднеш во депресија. Луѓево толку зависни станаа од тоа чатување што го заборавија реалниот начин на дружење. Што е најјакото тука? Што на МСН сите се фраери.. може сестрата да ти збори до утре и да ти се прави најдобар другар, некој кој у секој момент да биде тука па дури и онлајн врска да терате.. али во живо никаде ја нема. НајНЕреална ствар е чатувањето. А што е најжалното многумина го заменуваат со реалното дружење па кога некогаш ќе се решат да го заменат својот виртуелен свет со реалноста, се понашаат како паднати од Марс. ЈБГ…
Има уште многу други вакви слични срања во кои нема да навлегувам во детаљи. Има људи што киснат 24/7 на играње онлајн игри од типот на WOW… искрено од што не ме интересира такво срање, не ни знам која е поентата на играта, но и таа може да се пофали со пристојна бројка на зависници и интересни настани од типот мајка си го убила детето за да може на раат да ја игра играва. БОЛЕСТ!
Се сеќавам порано, беше луксуз да имаш интернет. Речиси никој немаше дома па се одело по интернет кафиња каде постоеше само ебано добриот МИРЦ. Само умреа тие времиња.
Оваа интернет зависност денес е ебано крајно болна. Луѓево се толку зависни што плаќаат некој да им ги бере тие праски или да си купат пари на покерот на фејсбук за да не се мачат рачно да ги заработат. ЕЕЕЈ… па до таму ли дојде работава бе? Интернет зависниците доаѓаат до емоции кои не се во можност да ги искусат во реалниот живот, туку само пред компјутерот. Без оглед на тоа дали се работи за допишување, играње или порнографија..овој стил на живот на луѓево им одзема ебано голем дел од времето кое се смета за изгубено доколку е поминато на овој начин.
Главни симптоми на интернет зависност се: губење на чувство за време и занемарување на основните потреби (храна, сон), чувство на повлеченост (тоа што го зборев погоре.. се губат луѓево у реалност), агресивност, депресија… итн. Ова доведува до занемарување на фамилијата и пријателите, намалена продуктивност во училиште или на работно место, намалени социјални контакти (не се вбројубаат тука оние од фејсбук, знам дека таму имаш повеќе од 500), значи социјална изолираност како и конфликти со средината во која “живееш” ако воопшто тоа за тебе е живот.
Think about it!
No comments:
Post a Comment
Тука можеш да оставиш коментар поврзан со конкретната статија.