Wednesday, December 9, 2009

Велес - Part II

Веќе имам една статија за градот Велес, но сега малку од пореална гледна точка со еден извадок од наш познат форум (значи да нема недоразбирање, текстов не е мој...туку на член од форумот Кајгана). Се работи за надполнување на претходната статија т.е Велес - Part 1 но овој пат со типичен велешки дијалект и со многу поконкретни и поинтересни примери за тоа како велешани живеат,  ако воошто може да се нарече тоа живот.

Целата слика на градов ја добиваш во получасовна прошетка по било кој редослед, ама препорачливо е да почнеш со Населба Дворови. Во Населба Дворови уште пред вашите родители да се родат постои Војната на Кокошките. Таму традиционално е луѓето да си чуваат кокошки, па ветрот на модерното време не го смени тој нивен цврст принцип. Тоа што е интересно во населба дворови е тоа дека таму живеат вистински, чистокрвни Велешки кокошки кои душевно се мразат меѓу себе. И секогаш кога минам одтаму има инциденти од типот: кокошката на Трајче отишла во дворот на Митре и ставила секундарен лепак на клунот на најубавата и најдебелата кокошка на Митре....сопругот на кокошката на Митре, во знак на револт ги испил живи јајцата на кокошката на Трајче, по што кокошката на Трајче се самоубила. Потоа се создале кланови и војната згуснала за денес Дворови да биде бојно поле....среде град...најблизу до центар. Им ебем матер селандурска.

Излегуваш од дворови и прескокнуваш Црна Џамија и пазарче...тоа веќе на ништо не личи, освен ако не си љубител на испотени луѓе зад тезги, педери шо ќе си го испушат за пет динара и стари, стари луѓе во шопинг по праски и зелки...

Значи, втората дестинација би бил Којник. Кај е Којник? Абе крени ја главата и ете го. Таму бомбардирале Англичаните, бомбардирале Германците, бомбардирале Американците....Турчинот прво на Којник се измочал па после мочал низ Велес. Таму Италијанците силувале најмногу млади девојки. Таму бил првиот голем пожар во Велес. Благословено место. Ем убаво и со пространи улички,ем полно среќни фини и насмеани луѓе....Ај сеа реалност. Којник ти е толку усрано место, па ја си го викам Acursedville. Тоа улиците тесни у пичку матер и секогаш тече вода у средина или има некое коњско гомно што е стварно чудно оти таму коњ не собира....битно гомна има. А центарот на Којник. Е тоа место секогаш ме смее. Таму имаш пазарче, таму имаш клупички за chill out, имаш кладилница, имаш курварница....светот ти е при рака, горе-доле. Таму навечер луѓе пијат алкохол и шишињата си ги кршат од главите на најдобрите другари, се мочаат у гаќи, одат дома и им маваат така добар ќотек на жените овие почнуат да личат на Чак Норис....и секој ден се врти филмот ...пиење, мочање, тепање. Тоа старите. А младите...тие па сироти зимоска со скии се спуштаат коа има снег за да излезат чаршија. Го чекаме еден другар така зимоска пред Ерик, он роден Којничанец....иде педеров искршен како моето камионче кое го добив за подарок на три години и мислев дека се јаде. Носот у џ положба, раката у ѕ положба....делфин еј. Се тркалал типот 8 метра. Ај бар десната му функционираше можеше кафето да го држи. Којник ти е место кое треба да се забрани со закон. У топтан со луѓето.

Одиш према тунелот. Јадеш ќотек и се враќаш. Толку бе толку. Смеј скрекај нешто за тунелот. Абе мамата ќе ти ја ебат. Абе ќе ти ја ебат толку добро ќе бара уште. Абе татко ти ќе го остави за да се ебе со нив бе. Тунел мафија. По багра у Велес нема. У Дворови имаме Селани, на Којник несреќници, овде имаме безмозочни идиоти. Затоа овие билдаат. Замисли да си глуп и слаб. Е ти се ебало мајката. Затоа овие се пумпаат колку можат за да компензираат оти се глупи како риба која во знак на протест против системот решила да живее на суво. Тоа е тоа ебаго за Тунел. Друго не ми текнуе. Уствари, да бе, има игралиште таму. Повеќе е арена ама ај...се собира народ да глеа фудбал, му праат фаул на некој тип, овој крши црпката на прекршителот, другарите на прекршителот му кршат црпка него, неговата екипа се вмешува во кршењето црпки...за на крај да се приклучи и публиката и да има фестивал на кршење црпки. Толку од тунелот.

А да....има и тунел.

А има и некое си место Шорка. Добро бе живеат ли луѓе таму? Ја ни знам кај е ни сум бил таму и мислам дека е тоа некое си опседнато штуро место полно надприродни појави. Ни знам шо место е ни какво е.

ЈАКО БЕ! Поздрав до авторот на овој текст. Нека се јави ако некогаш го прочита.

5 comments:

  1. peer ja ke te odnesam sorka kazi ti samo ako neznaes kade e :D A go zaboravi moevo malo, pisi samo najako e :D


    Roki

    ReplyDelete
  2. pisi za nova naselba neso be !!

    ReplyDelete
  3. Нова населба ја поистименував со Тунел.
    Исти случај се. :)

    Roki нема што да се пише за ваше маало. Мамара сте нонстоп. Цивилизираниот дел од градот е тоа. :)

    ReplyDelete
  4. Igorce si go zaborail moeto Kameno brdo :)))by Dajana

    ReplyDelete
  5. Ами узус? Што ќе кажеш за таму?Убиства,силувања, сообраќајќи и струполување(кола ми падна пред двор :Р) и сл... хаха има цивилизација нормална...

    ReplyDelete

Тука можеш да оставиш коментар поврзан со конкретната статија.