Saturday, October 17, 2009

Нервирај ги луѓето! Навистина убаво чуство!

Еве еден да речеме туторијал за тоа како да ги нервирате луѓето (моето хоби) :)

- Потпевнувај ја често музиката од Бетмен.
- Лижи го филот од наполитанките и потоа составувај ги повторно.
- Во секоја конверзација реплицирај со: "Така мислиш ти".
- Оставај бакшиш со бугарски стотинки.
- На забава која ја организира некој твој пријател, покани еден куп луѓе кои тој не ги познава.
- Пеј си слободно на глас доколку отидеш на опера.
- ПИШУВАЈ САМО СО ГОЛЕМИ БУКВИ.
- пишувај само со мали букви.
- Немој да употребуваш интерпункциски знаци
- Отиди на поетски рецитал и прашувај зошто стиховите не се римуваат.
- Кога ќе кивнеш, не ставај рака или марамче пред носот.
- Секогаш во друштво, на 5 минути пред крајот на шоуто смени го каналот.
- Мрмори си разни бројки додека некој брои пари.
- Намерно на работа свиркај си песнички кои ќе им влезат во психа на колегите, како на пример "Лакокарача".
- Застани на улица, насочи го фенот за коса накај автомобилите и види дали ќе успоруваат.
- Прашувај ги луѓето кој пол се.
- Остави ја новогодишната елка накитена до април.
- Грицкај ги пенкалата кои ти се дадени на заем.

No comments:

Post a Comment

Тука можеш да оставиш коментар поврзан со конкретната статија.