Saturday, November 21, 2009

Не дај Боже да умреш!

Па ја мислам насловот кажува се. Би можел и вака да ја оставам статијава, и пак секој ќе претпостави за што станува збор.

Брат.. стварно работава е не дај Боже да умре човек, мамето ќе ти се расплаче. Ќе почнам прво од сите наши глупости т.е адети што сеуште од не знам која причина ги применуваме. Абе умрел човекот, свадба се прави. Имам прилично добро искуство со смртни случаи, особено во последниве 3 години и можам да кажам дека ми е преку таквоето од сите адети што ги измислил некој на кој му било досадно во слободно време. Па да тибам работата..како може да умре човек и да ти дојдат по 200 луѓе на погребот како свадба да си направил. Ја искрено 99% не ги ни познавав луѓево а се кладам дека пола од нив не ни знаат каде одат на погреб. Луѓево денес одат на погреб само колку да фанат гага ручек. Но не се они криви, кога има овчари ќе има и овци за стрижење.

Умира човек, прво дома ти се собираат 50тина луѓе, седнале над мртовецот и си праат муабет ко на корзо да се. Ајде таков бил адетот, да се чувал мртовецот (оти не дај Боже некој може ќе ти го украде да тибам) ЛОЛ. Наредниот ден – закоп. И да тибам по не знам кој обичај мора да биде во 12 саат… смрт ми стана часов. Ајде до 12 се собрале уште 50 души од кои некои ги знаеш, а некои си ги видел некаде во животот само не ти текнува од каде..јбг.. шо ќе правиш. За погреб, ти треба ковчег да тибам, венци и уште 189 други работи кои те коштаат околу 7-8000 ден. Ајде пак јбг, мора да го ставиш човекот во нешто. Го носиш во црква, па до црквата ќе стасаш некако, ама во градов гробиштата се на врвот од ридот. Брат, буквално наебале тие што ќе го носат сандакот до гробот. Прво во црквата, требало попот да го испее да му се простат греовите. ЛОЛ брат јас јесте да сум атеист, али немој бе да тибам да го крадеш народот. За 3 пати што ќе рече амин, попчето ти зема 3000ки. Па ајде свеќи палиш воа ноа… после иде да се носи мртовецот на гробот. И шо ќе праиш.. го носиш човекот. Додека стасаш до гробот, дошле уште 100 души за кои брат веруј ми не знаеш ни дека постоеле луѓево. И се буткаат така 200 души околу гробот, воа ноа.. ќе го закопаат човекот, а гробарите пак за таа работа ти земаат уште 2000ки. Јбг..некој мора да ископа.

Следејчи чин ти е нешто за што ќе се крсти некој од странство ако види што се дешава. Брат, после погреб се иде на свечен ручек (пошо а погреб, а свадба..исти курац) и требало да си пуштиш ручек оти умрел чоекот. И ајде 200 људи на ручек си ги носиш во некој ресторан и те бричат уште 10-тина илјадарки. Остај тоа што ќе им го донесат од менито, башка браќата си нарачуваат што им се јаде или пие оти не им стасува. И ајде како и да е, поминало и тоа нешто.

После ручекот, пак се враќаш во куќата, али што е најјако не се враќаш сам, туку уште 50тина луѓе со тебе… демек тешко ќе ти биде сам ако те остават. Ќе збуцаат тие 50 души уште 2-3 литри ракија (или додека не се допие последното шише) и до вечерта ајде фаќаат патот сите прејадени и препиени од свадбата… овај погребот де.

ЧЕКАЈ! Не е ова крај. Погребот е тек почеток на овие глупости. Првите 7 дена мораш да цепиш до гробот секој ден оти така требало. ЛОЛ После тоа, на седмиот ден (али обично во недела) правиш спомен 7 дена. Пак ти идат 50тина луѓе, пак ручек и пак глупости. После тоа иде 40 дена спомен. Пак истите глупости..абе крај нема. После тоа 3 месеца, па 6 месеца, па година, па две, па три па пичку матер. Демек завршува после 3тата година, али до тогаш ќе умре уште некој па пак одново истите срања.

ЈАКО НЕЛИ? – ма не е ич јако, ама 20-30 илјади те кошта погребот.. што значи остај тоа што си останал без човекот туку си останал и без ебан скршен денар.

ЕПА ДА МУ СЕ ПЛУКНАМ ЈАС НА ТОЈ ЖИВОТ!

5 comments:

  1. Ни мене не ми се јасни нашите „адети„, најголемата вина ја гледам кај „свештените лица„ и црквата. Наплаќаат за секоја можна ситница, спротивно од нивните (не)пишани „начела„. Ручек во ресторан???? Молам??? Според „адетот„ на гроб треба да се носат само вино, пченица, леб и свеќи. Се друго е излишно, бидејќи според религијата душата на починатиот е вечна, а таа не живее од пити, ракија, мезе, и т.н. раздавулки. Туку таа живее преку спомнување на делата на починатот.
    Прост народ сме. Заспан.

    ReplyDelete
  2. Точно, таков е адетот. Ама ручек во ресторан .. ни ја не знам од каде, но се почесто се практикува.

    Море скраја да е од нашите адети. Освен ако поимот адет не е синоним за соголување до гола кожа.

    ReplyDelete
  3. Богами така е. Каде се поповите да не просветлат дека нашите „адети„ се пагански и спротивни од црквата?! Ама ако кажат, тогаш помалку денарчиња ќе одѕвонуваат во мантијата. Со почит, ама народов сме овца. (Леле како така, ами шо ќе рече народот? Нема смисла да не кркаме кулен, шунка, салата.. уствари мене не ми се јаде, ќе си завиткам за дома ќе си понесам.) МИЗЕРИЈА!

    ReplyDelete
  4. Напротив, поповите не бодрат да ги правиме тие адети и да ги воспеваме умрените бидејќи им носи голем приход тој чин. 3 пати амин = 1000че. Денес 5 гроба нека се (а не се 5, повеќе се), ете му 5000ки. ЧИСТ БИЗНИС!

    Инаку би требало да изумрат овие обичаи помладите генерации, оти ретко кој се согласува со постарите во врска со овие глупости..овај адети.

    ReplyDelete
  5. Не сум против религијата али против црквата сум бил и ке бидам цел живот и недај боже мене дами се случи такво нешто во фамилија нема пола од овие работи да ги правам па кој со сака нека рече

    ReplyDelete

Тука можеш да оставиш коментар поврзан со конкретната статија.