Friday, November 27, 2009

Јеби га, живот…

Брат, стварно на човек некогаш му доаѓа преку к** од се… али па секој втор ден да тибам, не е на арно. Не знам дали на сите во ебаново земјиче им се случува али навистина не се живее нормално веќе. Све живо забегало да тибам, ќе земам пример од мене. Како прво студент сум (ако може да се наречам така). Не сум некој што студира во градот каде што живее, па така 70% од неделата ја минам во друг град. Таму да тибам крш, покрш, најкрш е работава. Градот е стварно убав, рака оставам за него… али брат градов е најтапа место за живеење. Особено за ноќен живот, ја не знам како луѓево сеуште се воопшто живи и не умреа од досада. Искачаат по некои кафиќи кај што атмосфера е стварно тапа..Може така е поради мешање на националности, али да тибам стварно треба некој да преземе нешто оти наебале буквално сите.

Седам во градов така едно 4-5 дена, па си идам дома. Цела недела одвај чекаш да си дојдеш ама кога ќе си дојдеш шо ќе вииш… ти се смачува уште толку. Мојов град можеби има подобар ноќен живот, али брат кога ќе видиш дека секоја наредна недела ги глеаш истиве фаци, стварно ти се смачува од све. Па да тибам, не могуче истите 100 души само да искачаат за викенд :O Стварно не сфаќам.. и што е најјако, речиси сите ги знаеш. И ко по некоја шема, секоја недела се среќаваш и застануваш со истите, и го правиш истиот муабет.. Знаеш.. сите го знаеме тоа, али не можеш да го избегнеш за да не испаднеш поголем кретен од што си. Од што сме мал број на луѓе што се дружиме доле во чаршијата, почнуваат луѓево да почнуваат врски меѓусебе кои вака-нака не траат долго оти си ја гледал до вчера како се пендрачи со некој друг, па мора да ја брецнеш кога ќе те наапа.

Преку ден па, за викенд ако испаднеш можеш да видиш повеќе народ отколку навечер. Искрено и мене повеќе ми се допаѓа денски да се прошетам од навечер, ама не е тоа тоа. А остај тоа за испаѓање, па јакото е што не можеш да испаднеш оти имаш обврски (дали домашни или од факс). И те мачи и тоа.. и така се собира се собира и некој ден ко вечерва кога ќе ти пукне филмот ти иде све да појебеш.

Имам живеено и во странство.. али верувај ни таму не е нешто подобро. Луѓево додека не наполнат 21 година не смеет да мрднат од дома, инаку наебале. А па тие што се над 21, 99% од животот им мине во работа и кога ќе помислат на забава им се повраќа. А чудно па, таму па кога си, ти се плаче за дома и СТВАРНО СЕ ЧУДАМ ЗОШТО Е ТОА ТАКА. Или јас од глупа перспектива гледам на работиве или стварно све живо е тапа!

Едно девојче еднаш ми рече: “За да имаш се што сакаш, треба да се помачиш… а кога ќе се помачиш за да го имаш, веќе не ти треба…му поминало времето. “. Навистина е во право… сме наебале до коска!!!

No comments:

Post a Comment

Тука можеш да оставиш коментар поврзан со конкретната статија.